| четврток, 6 декември 2018 |

Трка со високи потпетици и во Битола

trka-so-stikli-s-

Битолчанки по одредена пауза повторно на високи потпетици ќе се натпреваруваат на Широк Сокак. Младинскиот културен центар од Битола реши да ја обнови трката со високи потпетици во рамките на годишаното издание на меѓународниот фестивал „Битола Отворен Град“.

Пријавувањето е веќе почнато, а трката ќе се одржи на 27 јуни. Стартот ќе биде на плоштадот „Магнолија“.

– Услов е високите потпетици да не се пократки од 8 сантиметри и пошироки од 2 сантиметри. Ние како организатори за најбрзите подготвивме пакети и парични награди – вели Маја Ангеловска од Младинскиот културен центар – Битола.

Првата трка на високи потпетици во Македонија се одржа во Битола во 2007 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top