| четврток, 6 декември 2018 |

Четврта среќа-започна нов брак во 68 година!

Поранешниот генерален директор на Меѓународниот монетарен фонд, и некогашен француски министер за стопанство Доминик Штрос Кан се венча минатиот викенд во Мароко и тоа е неговиот четврти брак.

Штрос Кан кој пред неколку години го напушти политичкиот живот и оттогаш ретко се појавува во јавноста, се венча со Миријам Лауфир во Маракеш и се пресели во Мароко.

Поранешниот генерален директор на ММФ зад себе има три брака, а неговата четврта сопруга по потекло е Мароканка која била новинар, а во моментов работи за својот сопруг.

Штрос Кан во 2011 година поднесе оставка на местото на шеф на ММФ, откако собарка во њујоршки хотел го обвини за обид за силување, но подоцна беше ослободен од тие обвинувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top