| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска ќе биде погребан владиката Кирил

kiril740x320

Владиката полошко-кумановски Кирил денеска ќе биде погребан во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во кумановско Дељадровце. Тоа била последната желба на митрополитот што Синодот на МПЦ-ОА ја прифати на последната седница.

Претходно во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, со почеток во 11 часот ќе се изврши опелото, со кое ќе чиноначалствуваат митрополитот европски Пимен, митрополитот повардарски Агатангел и викарниот епископ лешочки Јосиф, а погребот ќе почне во манастирот во 13.30 часот.

Македонската православна црква прогласи Ден на жалост поради смртта на владиката Кирил. Црковните и државните знамиња во сите храмови на МПЦ во земјава и во дијаспората веќе трет ден се на половина копје.

Верниците од Тетово вчера му оддадоа почит на упокоениот владика во соборната црква „Свети Кирил и Методиј“ каде што беа положени неговите посмртни останки. Пригодна литургија отслужија викарниот епископ Лешочки Јосиф и свештеници од Тетовско и од Гостиварско.

Митрополитот полошко-кумановски, господин Кирил почина на 11 јуни по кратко боледување  на 79-годишна возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top