| четврток, 6 декември 2018 |

Инспекторите за локална самоуправа во вонредна контрола во општина Центар

opstina centar

Државниот инспекторат за локална самоуправа (ДИЛС) денеска попладне ќе спроведе вонредна инспекција во Општина Центар, дознава „Нетпрес“.

Според нашите извори, цел на инспекцијата ќе биде работата на Советот на општина Центар и начинот на донесување одлуки во Општината, која од пред еден месец ја раководи Андреј Жерновски.

Контролата од Инспекторот доаѓа, како што дознаваме, по низата предлог-одлуки на Жерновски и Советот на општината кои привлекоа големо внимание во јавноста, а дел од нив беа повод и за масовни протести пред Општина Центар. Инаку и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар вчера поднесе претставка до ДИЛС поради нарушување на процедурата од претседателот на Советот, Мирослав Шиповиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top