| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Во Радовиш ќе изградиме нова градинка, спортска сала, а ќе го реконструираме и градскиот плоштад

Во новата програма предвидуваме реконструкција на плоштадот во Радовиш во современ градски плоштад и процената на овој проект е 36 милиони денари, планира изградба на нов цевковод и нов резервоар со кој трајно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во населба Куклевица, целосно ќе се уреди речното корито на Радовишка реката во должина од 4,5 километри, превидуваме и изградба на пешачка патека покрај речното корито, а вкупната вредност на овој проект изнесува 1 милион евра истовремено планираме уредување на речното корито на Оровичка река, ова го вети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните на Радовиш.

Тој вели дека во новата програма планирано е и реконструкција на старата зграда на градското собрание и како истата би добила нов лик.

-Ќе изградиме нов пешачки мост на Радовишка река, посветени на најмладите ветуваме изградба на нова детска градинка со што ќе се задоволат потребите за згрижување на повеќе дечиња од предучилишна возраст, ветуваме и изградба на спортска сала, како и изградба на спортска сала во склоп во основното училиште Орце Николов, предвидуваме и изградба на мултифункционално игралиште, а гаранција за сето ова дека ќе се исполни е Сашко Николов. Тој иако во минатото со многу мал буџет раководеше со општината направи проекти кои им служат на граѓаните и ги реализираше своите ветувања.

Тој додава дека тие не се борат само да победат, туку и да ги освојат срца и мисли на сите.

-Не се бориме само да ги управуваме општините, туку се стремиме и понатаму да им служиме на нашите градови и луѓе. Сакаме да градиме градови во кои сите ќе живеат во мир, спокојство и среќа. Ваша е одлуката. Од вас зависи иднината на Македонија. Ставете крај на помрачувањето и да одиме заеднички гордо напред. Да ја развиваме Македонија, да ја модернизираме, да реализираме проекти кои што ќе бидат од ваш интерес, од интерес на Македонија. Затоа на сите страни, градови и региони во Македонија, ние велиме само едно, со сите наши луѓе како еден човек, со едно срце, во еден глас: Секогаш работа, секогаш Македонија, потенцираше Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top