| четврток, 6 декември 2018 |

На Австрија и требаат 30.000 работници: Платата е 1.800 евра

Австрија во текот на оваа скијачка сезона вработува околу 30 000 сезонски работници. Се бараат сиет профили – келнери, готвачи, собарки, масери и масажери …

Како што јавуваат медиумите од регионот, условите за работа зависсат од категоријата на објектот, искуството и познавањето на германски јазик. Посредници помеѓу австриските работодавци и работници во Хрватсла се почесто се агенции за вработување.

„Платите за келнери се некаде околу 1600-1800 евра, исто зависно од знаењето на германскиот јазик кој за келнери е клучен. За собарки условуте се околу 1400 евра плата, за масажери исто така“, рекла за Дневник.хр Вишња Омрчен од агенција за вработување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top