На вториот денешен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, пред граѓаните се обрати претседателот на партијата, Никола Груевски. Тој им се обрати на оние кои на минатите избори гласаа за СДСМ и искрено ги покани да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Тој ги повика граѓаните да им се придружат и заедно да изградат посилна Македонија.
-Сите ние заеднички сме Македонија. СДСМ нема да донесе добро за никого. Тие можат само да затвораат работни места, да ги намалат приходите, да им го земат лебот на луѓето. Да донесат несигурна иднина за нашите деца. Тие се реална пречка. Пречка за подобро образование. Пречка за подобри услуги во здравството. Тие се пречка за повеќе работни места, економски раст и развој на Република Македонија. Тие се само пречка. Власта е во паника. Тие се во паника затоа што им е јасен фактот дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе победат. Паничат видејќи ВМРО е посилно сега, го гледаат тоа, изјави Груевски.
Тој кажа дека тоа е од причина што тие ја гледаат возбудата кај луѓето, ентузијазмот, напорната работа, одлучноста која ВМРО ја создава низ целата држава, од град во град, од село во село. И тие не знаат што да направат во врска со тоа. Затоа започнаа со неетички и неморални чинови. Им се тресат колената, смета Груевски.
-Се обидуваат животот на нашите кандидати да им го отежнат колку што можат. Им се закануваат, им вршат притисоци. Ги саботираат. Се расфрлаат со кривични пријави кои се неиздржани и се исклучиво за оцрнување. Ќе им порачам- не се плашиме од никого и никаде. Ваквите притисоци нема теорија да не обесхрабрат. Ниту една закана нема да не натера да клекнеме на колена.
Што и да направите, што и да смислите, Македонија ќе ви одговори, ќе згрми громогласно и ќе си ја потврди својата слобода и независност. Македонија ќе продолжи да ја чува својата слободна волја на граѓаните, изјави Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека нема сила која може да ја запре Македонија, а Македонија е секој еден од вас, вели тој.
– Млад или повозрасен, земјоделец или работник, доктор или наставник, невработен или стечаец. Секој еден од вас, порача Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер