Додека СДСМ ветува се и сешто на граѓаните во пресрет на локалните избори, еден дожд предизвика поплава во струмичко Дабиле, во општината каде градоначалник 11 години беше сегашниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.
Граѓаните со остри реакции за ваквата состојба во ова струмичко село. Заев кој ветува сегде дека ќе направи се, нема поставено канализација токму во општината каде тој владееше. Поплавата е во селото Дабиле, на само 4 километри од градот Струмица.
Европско Дабиље ….џврка вода …поплава ,зошто? – Оти нема канализација во 21 век ете затоа ,тоа направи СДС за Дабиље пак да си ги глчасате за повеќе војчка да има… , пишува во еден од постовите на Фејсбук.
Граѓаните велат дека СДСМ како и секогаш ветува брда и долини, но во пракса ништо од тоа не се исполнува, како што тие велат тоа може да се примети и од нивните ветувања пред последните парламентарните избори, кои сега се само заборавени зборови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.