| четврток, 6 декември 2018 |

Со службен автомобил на митинг: Владата продолжува со злоупотреба на државниот имот во партиски цели, меѓународната молчи!

Продолжува злоупотребата на материјалните средства на МВР во служба на партиски активности на СДСМ, овој пат на митингот во Македонски Брод кој што се одржува вечерва.

Вечерва, покрај плоштадот каде што се одржува митингот фотографиран е џипот Ленд Ровер, кој е во сопственост на МВР и го користи министерот Оливер Спасовски.

Иако досега во неколку наврати медиумите предупредуваа и објавуваа докази за злоупотребата на државните средства во служба на партијата на власт, меѓународните но и домашните организации задолжени за следење на изборите останаа глуви и одлучија да не се огласат на ваквите злоупотреби на материјалните добра на народот.

Дополнително, денес ОБСЕ/ОДИХР го објавија и прелиминарниот извештај во кој се гледа субјективност и политичка мотивираност, имајќи во предвид дека тие не успеале да вметнат ниту едно прекршување на изборниот закон за време на досегашната кампања, иако постојат десетици случаи кои беа со докази презентирани во медиумите.

Вечерва, на митингот на СДСМ во Македонски Брод може да се забележат службени автомобили на МВР и Владата на Р.Македонија со кои се пристигнати функционерите на СДСМ, а претходно истата слика можеше да се види и во градовите каде СДСМ одржуваше митинзи.

Во Битола, Заев пристигна со скапиот „Мерцедес“, а Прилеп пак беше „окупиран“ од службени возила на МВР со кои пристигнуваа членовите на владата на Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top