Остануваат уште само неколку дена, и мигот на одлучување од кој ќе зависи по кој пат Македонија ќе тргне. Дали ќе продолжи слободниот пад или тој ќе биде сопрен, и ќе почне новата ера. Се приближуваме до 15 октомври. Вие добро знаете дека ова не се обични локални избори. Вашата одлука е многу важна, не е само, уште една обична одлука. Ние не гласаме само за нашите градоначалници, за нашите градови туку сите ние заедно ќе одлучиме каква ќе биде Македонија по 15 октомври. Вашата одлука е конечна, Вие го имате последниот збор. Ова е Ваш град, наша држава, ваша одлука. Запомнете, им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Греувски, на крушевчани на вечерашниот митинг во Крушево, само граѓаните на Македонија, вие одлучувате за заедничката иднина, за иднината на нашите градови и за иднината на нашата држава.
-Ние ја добиваме нашата моќ и сила од Македонија и народот на оваа земја. Нашата сила произлегува од нашата љубов кон нашиот народ и нашата љубов кон нашата земја. Ја сакаме нашата земја, со целиот наш народ, сите градови, сета радост, ентузијазам и возбуда. Нашата љубов е заедничка со нашиот народ. Нашата љубов е заедничка со нашата земја. Ние не сме едни од оние кои бараат гласови, ги добиваат и ги забораваат луѓето уште наредниот ден. Ние не сме едни од оние кои ги бараат гласовите на граѓаните, а ја добиваат својата сила од други, кои имаат поддршка од друго место, кои велат подржете за да продолжиме да работиме за други интереси. Ние сме партија на граѓаните на Македонија, и ние сме гаранција за силна Македонија.
Сите вие, додаде Груевски, знаете каква промена, развој и раст доживеа Македонија во последните 10-тина години и сите вие знаете каде бевме пред 11 години и каде бевме кога им ја препуштивме власта пред 5 месеци.
-Каде и да одам, во сите мои говори, секогаш зборувам за работите кои сме ги направиле, за проектите кои сме ги реализирале, за успехот кој заеднички го создававме. И има многу работи да се кажат затоа што тоа сме ние, а работата и посветеноста останува наша карактеристика. Истовремено зборувам и за јасно дефинирана и добро промислена визија. За тоа што во иднина ќе го направиме. Но, за што зборуваат тие? За што зборуваат тие, би рекол, лажговци? Тие зборуваат со клевети, лаги и празни зборови. Нивната политика е политика на празни зборови. Тоа е политика на клевети. Тоа е политика на навреди. Тоа е политика на креирање на тензии и заплашување, на многу афери, корупција, криминал. Тие знаат само да палат, укинуваат и уништуваат. Сите мора да го знаат следново: Ние не се плашиме од никого. Ние сме ВМРО. Ги посветивме нашите срца, мисли и животи за оваа кауза. И не се откажуваме од нашата земја. Се додека нашиот народ, нашите граѓани тоа го сакаат, ние ќе стоиме исправено и гордо. Никогаш нема за застанеме и да се предадеме. Никогаш нема да го заборавиме и да го смениме нашиот правец на развој на нашата земја.
Ќе продолжиме, рењче лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, да ги исполнуваме нашите ветувања, да работиме, да нудиме проекти и решенија.
-Тие не се способни да го прават тоа. Тие не се способни да даваат решенија и да создаваат проекти. Видете што се случува, тие им велат на луѓето- гласајте за нас. Луѓето секако ќе ги прашаат „Македонија и нашите градови имаат проблеми. Што ќе преземете за тоа?. Кои се вашите проекти, ветувања, визија?“ Што велат тие? „Ние ветуваме воздух, граѓаните ќе добијат воздух“. Тоа е потценување на народот. Нивниот главен проект е воздух. Благодарение на Бога, поредокот во природата ни обезбедува воздух, а Бог дарува и живот, а тие ветуваат и живот. Две работи кои не зависат од нив, токму тие ги ветуваат. Тоа е потценување. Нема да чуете решенија, нема да чуете идеи за подобар живот. Туку флоскули, апстрактни поими. А за тоа колку ги бива видовме. За 5 месеци создадоа такво помрачување што државата е во слободен пад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски