Игнатиј Богоносец го држел Исус во рацете, па така и го добил називот. Игнатиј беше ученик на св. апостол Јован. Во времето на Трајан тој беше епископ во Антиохија, каде многу се прочу по својот свет живот, така што многумина го напуштаа збрканиот незнабожечки поглед на свет и се утврдуваа во верата во Христа. На едно свое пропатување, цар Трајан дојде во Антиохија. Пред него го изведоа овој славен епископ, а Трајан го осуди на смрт и го прати во Рим. Патувајќи за Рим, Игнатиј ги охрабруваше христијаните од градовите низ кои проаѓаше. Доста од тие негови зборови се зачуваа до денес во вид на посланија. Во Рим беше фрлен на ѕверовите и со крвта на своето сведоштво го запечати светиот живот.
Според народното верување домаќините на посебен начин ја хранат живина – во круг, направен од јаже, се фрла специјлано спремено жито.
Исто така на денешен ден, не се работат тешки работи, поготово женските, како што е предење, ткаење и шиење.
Тој помага на секого, затоа денеска искрено помолете му се!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.