Претставници од граѓанската иницијатива „Веритас“ се сретнаа со директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Ванчо Шехтански, и побарале да се преиспита одлуката што евентуално денеска ќе биде донесена на седницата на Советот на општина Центар.
– Нашата цел е постигната. И покрај обврската на Државниот инспекторат да го прави тоа што ние го побаравме, добивме уверување од директорот дека ќе постапи онака како што му налага неговата функција. Денеска ги мобилизиравме и државните институции, а исто така бараме поддршка и од редовите на црквата – изјави Сузана Миновска од „Веритас“.
Таа изрази благодарност до сите оние што ги поддржале протестите.
– Ќе ја браниме црквата, ако ја донесе одлуката и ако не ги чека одлуките на Државниот инспекторат за локална самоуправа – изјави Соња Зашевска.
Одржувањето на протестите на граѓанската иницијатива „Веритас“ за продолжување на изградбата на црквата „Св. Константин и Елена“, како што информираат од „Веритас“, ќе зависат од одлуката на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, и од државните институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив