| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп: Светот е во затишје пред бура – Следува ли голема војна?!

„Ова е затишје пред бура“ – е нејасната изјава на Доналд Трамп за време на вечерата со воениот врв до Белата Куќа го вклучи алармот во целиот свет.

Иако американските медиуми шпекулираат дека изјавата се однесува на воена акција во Северна Кореја, со која конфликт делува неизбежен, сепак најверојатно се однесува на Иран, чија нуклеарна програма деновиве е во фокусот. Откако се актуелизира прашањето за договорот со Иран кој го потпиша неговиот претходник, Барак Обама, актуелниот американски претседател најави дека ќе го повлече потписот, обвинувајќи го Техеран за низа случувања на Блискиот Исток.

Не смееме да дозволиме Иран да се здобие со нуклеарно оружје. Иранскиот режим поддржува тероризам и извезува насилство, крвопролевање и хаос низ Блискиот Исток. Токму затоа мораме да ставиме крај на континуираната агресија на Иран и неговите амбиции за нуклеарно оружје. Тие не го почитуваат духот на договорот…“, изјави Трамп.

Се огласи и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, кој го повика претседателот на Соединетите Држави да донесе избалансирана одлука за Иран.

Инаку „Вашингтон Поуст“, повикувајќи се на свои извори во Белата Куќа најави дека Трамп има намера да го повлече потписот од договорот со Иран во своето обраќање пред Конгресот закажано за 15-тти, по кој конгресмените ќе треба да расправаат дали на Техеран ќе му се воведат санкции.
Во 2015 година Иран постигна договор со шесте светски сили според кој Техеран се согласи да ги предаде своите резерви на збогатен ураниум и да отстрани две третини од своите центрифуги со кои се збогатува ураниумот во рок од 13 години, а за возврат земјите потписнички на договорот ги олеснија санкциите.
Инаку откако новинарите инсистираа Трамп да каже на што мислел кога изјави дека „ова е само затишје пред бура“, тој мистериозно одговори: Ќе видите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top