Агентот на Карлос Тевез се состанал денес во Милано на одвоена средба со претсавниците на екипите на Милан и Јувентус.
Киа Јорабијан се сретнал со потпретседателот на Милан Адријано Галијани и како што истакнал италијанецот тоа било средба на „стари“ пријатели.
Росонерите веќе неколку години сакаат да го доведат аргентинецот во тимот како играч кој ќе игра веднаш зад напаѓачите. Од заминувањето на Кака во Реал Мадрид, челниците на клубот не нашле соодветна замена на таа позиција.
Договорот на Тевез со екипата на Манчестер Сити истекува следната сезона и веројатно е дека аргетинецот ќе го напушти клубот од Манчестер ова лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим