Осудениот убиец, 34-годишниот Селами Чокај, бил исфрлен од Велика Британија во 2009-тата година, откако било откриено дека побегнал од затвор во Албанија, пренесува Дејли меил.
Тој е осуден во 1994-тата година поради тоа што убил човек, бодејќи го со нож и извршил вооружен грабеж. Одредена му била казна од 20 години затвор.
Чокај по три години побегнал од затвор и заминал во Британија.
Тогаш се претставувал како Валтон Гаши, бегалец од Косово.
Се наоѓал на листата на Интерпол за најбарани бегалци, кога во 2006-тата година било откриено дека под лажно име живее во Мансфилд во Нотингем. И тогаш водел авто-перална и заработувал 40.000 фунти годишно.
Два пати бил апсен, тврди дека барал азил, поради што процесот траел 3 години. Конечно во 2009-тата година бил пратен со авион назад во Албанија.
Сепак, бидејќи според тамошните закони, минало премногу време од првата пресуда, Чокај бил ослободен од албанскиот суд во 2012-тата година.
Меѓутоа, тој неодамна повторно бил виден во Англија. Како што е соопштено, Чокај живее со семејството во Лестер и повторно води автоперална.
Тоа што е неверојатно е фактот дека тој во Англија живее под вистинското име, иако им е познат на властите.
Не е јасно како успеал повторно да влезе во државата во која владее закон дека странски државјани кои биле осудувани на повеќе од 4 години затвор не смеат да влегуваат во Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Уапсен убиецот кој изврши масакр во Албанија: Убил осум роднини, меѓу кои жени и деца