Убиството на пејачката Јелена Марјановиќ неразјаснето е година и половина подоцна, а овој трагичен настан е тема на која и Војислав Шешељ често се осврнува.
Токму тоа го направи во емисијата на Огнен Амиџиќ, кога во разговор со новинарите јавно го изнел својот став за тоа, кажувајќи дури и кој според неговото мислење на 2 април 2016 година ја убил Јелена.
-Целото семејство е вмешано. Нема никаков сомнеж. Јас сум убеден дека е таткото, но за да се дознае тоа треба сите четворица да бидат уапсени. Основано сомнение постои и никој не може да ме убеди, ниту обвинителот, ниту полицијата, дека не постои. И треба да се држат осамени, без допир еден до друг. И секако постојат методи на сослушување, каде некој ќе пукне и ќе пропее-рекол Шешељ.
Според него убиството не е решено бидејќи сите мислеле дека лесно ќе го пронајдат убиецот.
-Мислам дека во прв момент полицијата на тоа не му придавала многу значење и дека мислеле дека лесно ќе завршат се. И тоа изгледало лесно. Но се соочиле со монструми-рекол Шешељ.
На прашање од каде му се сите информации и дали е негов став дека е вмешано целото семејство, Воислав рекол:Јас немам целосни информации, но правник сум. Изучував пенологија, криминалистика, криминологија, а имам и доста затворско искуство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Уапсен убиецот кој изврши масакр во Албанија: Убил осум роднини, меѓу кои жени и деца