Во биографијата на Саша Богдановиќ објавена на Википедија нема ниту збор за неговата навивачка кариера иако е далеку побогата од професионалната. Центарци не го познаваат Српче како, на пример, заслужен граѓанин, спортски работник, семеен човек, успешен стопанственик. Скопјани, особено центарци, го познаваат Српче како хулиган од трибините на салата „Градски парк“.
Релативно млад, Богдановиќ завршил Политички науки на УКИМ, работел како раководител на комерција во фабриката за изолациони материјали, а потоа добил партиска задача да извршува директорска функција во ПОЦ. За 32 години Богдановиќ сработел толку. Главно директорувал и се плеткал со политика. Но, она што не го пишува на Википедија, но е забележано во билтените на МВР, е насилничката нарав на предводникот на навивачката група „Сити парк бојс“ на КК „Работнички“.
Интересно, кандидатите за градоначалници на Центар, кои денеска стојат на спротивната страна, некогаш стоеле на истата страна, црвено-белата, и се бореле за ист клуб – КК „Работнички“. Но, додека Дејан Јовановски ги полнеше спортските страници си врвни успеси, Богдановиќ ја полнеше црната хроника на весниците.
Градското дерби меѓу КК „Работнички“ и МЗТ пред три години заврши со еден повреден полицаец и тројца навивачи. Црниот епилог од спортскиот натпревар е заслуга на сегашниот кандидат за градоначалник на општина Центар, кој организираше навивачка група со цел растурање на градското дерби и предизвикување на општа тензија.
Во март годинава двајца блиски соработници на Богдановиќ, прв човек на СДСМ Центар, беа уапсени поради физички напад на полициски службеник на полувремето од кошаркарскиот меч меѓу Работнички и Куманово, кој се играше во „Градски парк“.
Локалните избори во општина Центар се битка за лицето на главниот град, а центарци треба да одлучат дали Центар ќе стане кринимално и насилничко легло или носечка општина во Скопје. Таму се соочуваат двајца кандидати од кој еден е истакнат спортски работник, семеен човек и докажан спортист. Другиот, пак, истакнат деликвент и насилник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.