| четврток, 6 декември 2018 |

Нова мерка: Кредитирање за самовработување

париУтре ќе биде распишан оглас за самовработување преку кој невработените ќе може да аплицираат за кредитирање, соопштија од Владата.

-Ќе бидат финансирани преку поволни кредитни инструменти два вида на бизниси, од помал и од поголем обем, објасни портпаролот Александар Ѓорѓиев.

Секое работно место од помал обем ќе се финансира со 3 илјади евра, но постои можност за групирање на три лица, со што вкупниот обем на средства би бил 9 илјади евра. Рокот за отплата е три години со грејс период од една година и каматна стапка од еден процент.

За бизнисите од поголем обем може да аплицираат петмина, од кои основниот кредитобарател добива 5 а останатите четворица по 3 илјади евра за секое ново отворено работно место. Рокот за отплата е поголем, 5 години, со грејс период од една година и камата од еден посто.

Доколку пак од здружените апликанти е дел од оние кои останале технолошки вишок, стечај или ликвидација и потоа 6 месеци примале месечен надоместок како невработени, односно 3 години поминале од отпуштањето , за нив може да се повлече дополнителни 1000 евра по лице.

Финансирањето ќе се врши преку Македонската банка за поддршка на развојот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top