| четврток, 6 декември 2018 |

Татко ѝ од Гостивар, мајка ѝ од Дебар, а таа владее со Њујорк

Досега светот знаеше за тројца успешни и познати, селебрити, Албанци и Косовци. И тоа не целиот свет, туку чат-пат по некој, ако случајно налетал на податокот за нивното потекло. Холивуд и Америка можеа да спомнат дека во своите редови ги имат браќата Белуши или жраперот Акшн Бронсон, и тоа под услов воопшто да знаат за тој податок, зашто никој од наведените никогаш посебно не ги истакнувал албанските корени.

Но, во последните неколку години, поп сцената почнаа полека да ја освојуваат некои нови имиња, а овие девојки, за разлика од тројцава мажи, со задоволство го потсетуваат светот на тоа од каде доаѓаат. Секако, станува збор за младите пејачки Рита Ора, Дуа Липа и Ера Истрефи, млади Косовки, кои во последните неколку години направија вистински бум на сцената, поприлично голем ако се земе предвид од колкава држава доаѓаат.

Оттука, се наметнува прашањето од каде овој интерес на американската музичка индустрија за пејачки од Косово и постои ли некоја тајна, зашто во денешно време иако постои такво верување, за сериозна кариера не е доволно само да се покажат гради. Изгледот дефинитивно им помага, но ако се обидувате да се прибиете на сцена на која сите гради изгледаат горе-долу фантастично, нема да ви бидат од корист класичните балкански методи на промоција кои во најдобар случај ќе ви осигураат неколку наслови на порталите и полупразни селски клубови.

Еден дел од одговорот лежи во културата проткаена со музика, егзотичната убавина, но и во недискутабилниот талент и начинот на кој функционира самата индустрија, зашто кога зборуваме за младите девојки од Косово, не смееме да заборавиме дека барем во почетокот на пробивот, зборуваме за потрага по нова Ријана.

Кариерата на Рита Ора, која на сцента е веќе неверојатни 10 години, почна да се искачува по сценските скалила во времето кога по истите почна да се симнува кариерата на Крег Дејвид. Многумина уште тогаш ја забележаа младата пејачка која се појави во неговата песна “Awkward”, но тоа беа скромни почетоци кои почнаа да се формираат во карира дури во 2009 г. кога нејзината менаџерка Сара Стент стапи во контакт со издавачката куќа на Џеј Зи, Рок нејшн, човекот кој ја создаде Ријана.

На почетоците ја нарекуваа „Ријана од Англија“, но прекарот како да исчезна со појавувањето на нејзиниот прв албум „Ора“ во 2012 година, кој го составуваше чериси истата епипа на хитмејкери кои работат за Ријана.

Сличноста меѓу нив две е толку голема што во кулоарите се зборува дека Ријана не може да ја поднесе Ора и дека прави се за да ја заботира нејзината кариера, што, уверени се некои, објаснува зошто младата пејачка веќе 4 години не снимила нов албум.

Освен Рита Ора, неверојатна вокална сличност со Ријана дели и 26-годишната Бебе Реџа, која е автор на еден од најголемите хитови на Ријана, односно на мегапопуларниот дует на Еминем и Ријана “The Monster”, кој најпрво го снимила за себе за првиот соло-албум, но соработниците ја убедиле да му ја понуди на Еминем.

Реџа е легитимна хитмејкерка, која има напишано еден куп хитови и остварила соработка со ники Минаж, Дејвид Гета, Џи-Ејзи, Иги Азал, Ник Џонас, Афроџек Питбул, Селена Гомез и Мартин Џерикс. А ако го земете предвид фактот дека на сцената е само три години, јасно ќе ви биде дека се работи за голем успех.

Уште како тинејџерка ѝ фати око на Саманта Кокс, која тогаш работеше со Лејди Гага и Кеш, а таа ја советуваше да научи да пишува песни. Бебе го послуша советот и на 15 години почна да оди по натпревари во Њујорк.

Реџа е родена во Гостивар во 1989 година и во Македонија живеела до шестата година. Мајка ѝ е од Дебар, а татко ѝ од Гостивар.

27-годишната Албанка и покрај тоа што пораснала во Њујорк, жчесто изјавува дека е горда на своето балканско потекло (македонско-албанско) и родните градови на своите родители Дебар и Гостивар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top