| четврток, 6 декември 2018 |

Делев:Состојбата со странските инвестиции е загрижувачка, ефектот од неработењето на СДСМ ќе го почувствуваме сите

Поранешниот заменик министер за економија, Кристијан Делев, се обрати на денешната панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој говореше за сегашната состојба со странските инвестиции во земјава, откако СДСМ е на власт и за тоа каква штета Владата на Зоран Заев нанесува на Македонија со својот игнорантски однос кон инвеститорите.

-За жал состојбата со странските инвестиции е на доста загрижувачко ниво. Моменталната влада со негативна кампања направи многу лоша слика и перцепција во Македонија за странските инвеститори и инвестиции. Тие ја чувствуваат негативната клима која е вештачки создадена во Македонија.Моменталната Влада кога беше во опозиција дозволи студенти да направат анализа и дадоа апсолутно неточни бројки за тоа колку субвенции седадени за странските компании.Тоа е само потврда дека треба екстерно тестирање и проверка на знаењето затоа што било кој студент било каде во светот знае дека странските инвестиции се еден од најглавните фактори двигатели на економиите.  Во САД државите се натпреваруваат која ќе привлече инвеститори, на глобално ниво се водат војни да се привлечат инвестиции. Ова е голем процес кој претходната Влада си го сфати сериозно и за 10 години направи огромен успех и исчекор, рече Делев.

Тој потсетува дека се направи пакет мерки  и реформи, беа усогласени со европско законодавство, особено во делот на конкурентноста. Тргна глобална кампања и Македонија стана препознатлив бренд и беше ставена на мапата на сите поголеми странските инвеститори.

-Сето тоа се смени кога дојде новата влада. Продолжи негативниот однос кон странските компании. Откако е на власт СДСМ нема ниту една странска инвестиција освен оние кои беа веќе договорени и потпишани со минатата влада. Доколку продолжи овој тренд,  јас очекувам дека во иднина нема да видиме ниту една нова странска инвестиција, а уште повеќе со зголемувањето на даноците и давачките кои ги планира новата Влада. Ние имавме прекрасен проект со Светска Банка  кој се надевам ќе продолжи во иднина за ефектот од странските компании кон домашните. Но, за тоа треба тие компании да бидат обичени, да се дигнат стандардите за производство и квалитет, да се прифатат нови пракси, да се набават нови машини и треба да се спремни за тоа. Само во првиот круг беа опфатени некаде 45 компании кои требаше да ги добијат сите тие средства од СБ за да станат поголеми добавувачи на странските компании, рече тој.

Делев потенцира дека  единствената студија која е релевантна и може да ја отслика реалната слика  во делот на инвестициите и макроекономскиот ефек е студијата која неодамна ја објави Народна банка чиј заклучок е дека доколку не биле странските компании во Македонија, земјава би била во лоша економска состојба.

-Денес има информација дека во првите 8 месеци е зголемен извозот од Македонија за 13 %. Тоа е благодарение на три конкретни компании кои се донесени од претходната Влада. Нема ниту збор од нови компании, не станува збор за ефект од новите мерки, од новите политики што ги спроведува новата Влада. Допрва ќе го гледаме негативниот ефект со таканаречените стратегии, наслови,  кои ги објавија без анализа. Допрва тоа ќе го почувствуваме сите граѓани, а на крајот сите ќе бидеме губитници. Колку помалку странски инвестиции, толку помалку вработувања во Македонија. Тоа ќе го искористат нашите соседи. Кога имаше трансфер на власта, им оставивме во наследство 60 компании кои беа во финална фаза на преговори,  кои требаше во овој период само да се потпишат. Ниту една од тие компании не е исконтактирана. Немало слух тие компании барем да се исконтактираат и да се види што сакале тие да направат во Македонија, порача Делев.

Вели дека една од причините е што новата Влада постави нестручент кадар, без искуство и соодветно образование , без знаење, без познавање на странски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top