| четврток, 6 декември 2018 |

Делев: СДС ја клекнаа македонската економија на колена

-Македонската економија тоне. Од доаѓањето на СДС на власт индустриското производство е во слободен пад. Тоа се загуби од стотици милиони евра.Неспособната и расипничка влада на СДС нема економски концепт, освен расипничко трошење на парите на граѓаните.Сите економски индикатори се негативни, и долгот внатре и надвор расте, а виновник е црното економско трио Заев, Анѓушев и Тевдовски- изјави денеска Христијан Делев од ВМРО ДПМНЕ.

Според него на елементарната непогода што ја задеси економијата и нема крај.

-Индустриското производство бележи рекорден пад од 5,3%, а црното економско трио се крие и се обидува да ја дефокусира јавноста со разни манипулации на разни теми, преку нивните блиски медиуми за да го сокријат дебаклот од граѓаните за она што највеќе ги интересира, а тоа е економијата. Ги лажеа граѓаните со мед и млеко, а ја носат Македонија во рецесија.Гледано по сектори во јули индустриското производство во секторот рударство и вадење камен споредено со јули минатата година бележи пад од цели 3.4% заради лошата кампања против рударството. Преработувачката индустрија исто така бележи пад од 2,6%, а и градежниот сектор заради прекинувањето со градежни проекти бележи енормен пад-рече на прес конференција Делев, според кој алармантно е што ова се случува во континуитет.

-Неспособноста на владата на СДС на чело со расипничката тројка Тевдовски, Заев и Анѓушев ја носи Македонија во уште поголеми проблеми.Со лошата економска политика и со најавите за зголемување даноци, Македонија може само да сонува за економски и странски инвеститори. Постоечките капацитети веќе се затворат или се бара криминален начин како да бидат уништени, а потоа превземени од фамилијата Заеви.Над 60 инвеститори кои сакаа да инвестираат во Македонија веќе не ја разгледуваат како инвестициска дестинација.Со ваквото однесување се доведува во прашање функционирањето на државата, а СДС единствениот излез го гледа во секојдневното енормно задолжување.Недомаќинската влада на СДС не само што не задолжува вртоглаво туку и ги прекина сите проекти кои веќе беа во финален процес. Се запреа градежните работи и градежништвото бележи надолен пад.

Се затвораат фабрики, се задолжува државата, се прави негативна кампања за странските директни инвестиции и влошувањето во рударскиот сектор заради посебните кампањи кои тие ги направија за оваа индустрија, а добро е познато дека овие гранки се најголемиот учесник во градењето на Бруто домашниот производ.

СДС ја клекнаа македонската економија на колена, се уништуваат и оние сектори кои беа стабилни и се носечки за македонската економија.

Оваа неподнослива ситуација мора да престане. Македонската економија од ден на ден е се послаба и послаба. Македонија е влезена во рецесија.

СДС за повеќе од три месеци ја уништи македонската економија.

Граѓаните на Република Македонија се оние кои плаќаат за оваа катастрофално лоша политика на Зоран Заев и СДС.

Граѓаните на Македонија на 15-ти октомври ќе ја казнат оваа расипничка и недомаќинска влада- изјави Христијан Делев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top