| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски го запозна Бјорнстад со предизборните инциденти

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес оствари средба со амбасадорот на Кралството Норвешка за Република Македонија, Арне Санес Бјорнстад.

-На средбата се разговараше за актуелната состојба во државата и стратешките интереси на Република Македонија, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се заблагодари на амбасадорот за поддршката која Норвешка и ја дава на Република Македонија во остварувањето на стратешкиот интерес членство во НАТО алијансата.

На средбата Груевски го запозна својот соговорник со актуелната политичка состојба и со одвивањето на предизборниот процес. Груевски ги нотираше прекршувањата и нарушувањата на изборниот процес кои фрлаат темна дамка на предизборието и демократскиот амбиент кој треба да е присутен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top