Отворен е почесниот конзулат на Кралството Мароко во Македонија. Функцијата на почесен конзул ја извршува Илија Малинковски, назначен на оваа позиција во септември минатата година, кој е истакнат член на заедницата и со својата работа придонесува за културно и економско зближување на двете земји. Свеченото отворање на конзулатот е продолжување на пријателските односи меѓу двете земји кои се карактеризираат со взаемна почит и разбирање кон стратешките цели и националните приоритети.
Двете земји во досегашната комуникација развија нагорна динамика на средби и посети на високо дипломатско и политичко ниво, а паралелно се градеа и пријателските релации.
-Почесниот конзулат ќе послужи како катализатор за трговија и инвестиции меѓу нашите две пријателски земји. Неговата главна улога ќе биде, меѓу другото, промовирање на мароканската култура, нејзината економија и интензивирање на билатералната соработка. Оваа официјална инаугурација на почесниот конзулат на Кралството Мароко во Македонија го одразува фактот дека двете земји придаваат фундаментална вредност за зајакнување на нивните билатерални односи во многу области и сектори од заеднички интерес, рече амбасадорката на Кралството Мароко, Закиа Ел Мидаоуи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.