| четврток, 6 декември 2018 |

Во Шведска: Пијан елен демолирал куќа

Елен изел ферментирано овошје во градината зад една куќа и влетал во дневната соба правејќи огромна штета, објави државната телевизија во Шведска.

Несекојдневниот настан се случил во населбата Ронинге во јужниот дел на Стокхолм.

Портпаролката на полицијата Ана Вестберг соопшти дека агресивното однесување на животното се должело на пијанство, откако еленот изел ферментирано овошје во градината зад куќата.

Збунетите полицајци успеале да го истераат еленот од куќата, а животното потоа побегнало во блиската шума.

Во Шведска и претходно имало инциденти со пијани елени. Најзапаметен ќе остане случајот од пред четири години, кога пет пијани елени демолираа лукузна вила во Гетеборг.

извор: Кајгана

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top