Сопругот на српската пеачка Јелена Марјановиќ, кој е во притвор поради обвинување дека извршил убиство на својата сопруга, во затворот пробал да се самоубие со жилет – јавува српски Информер.
Информер пишува дека неговиот татко веќе јавно изјавил оти се плаши дека неговиот син ќе се самоубие во затворот.
Како што јавува весникот, Зоран неколку дена се однесувал чудно, што им станало сомнително на чуварите во затворот. Често купувал жилети за бричење, па луѓето кои работат во кантината случајот го пријавиле на надлежните.
По два дена, вработениот кој ги чисти келиите во корпата нашол искршени бричови, па се посомневал дека Зоран од нив ги вадел жилетите со кои сакал да се убие себеси или да убие некој друг.
Кога надлежните во затворот го прашале Марјановиќ што планира со жилетитетој почнал да извикува.
–Подобро да се убијам отколку да ме осудат. Не сакам мојата ќерка Јана да мисли дека нејзиниот татко е монструм – рекол Зоран.
По настанот Маријановиќ е одведен во затворската болница на преглед, а на вработените во кантината им забраниле на Зоран да му продаваат жилети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.