| четврток, 6 декември 2018 |

Момче умрело од рак, а потоа ги отворило очите и прозборело

 Нолан Сул (4) кој го обедини светот во борбата против ретка болест на рак, за жал ја изгуби битката.
За да ја подигне свеста за оваа страшна болест, подолго од година ипол се бореше против овој рак, а неговата мајка Рут често зборувала како со својот дух, зборови и битка соедини различни култури и промени животи на бројни луѓе ширум светот.
Рут од своето момче се простила со потресна порака во која напишала:
– Два месеца. Минаа два месеца откако те држев во своите раце, слушав колку ме сакаш. Два месеци откако се прегрнавме. Два месеци пекол. Цело време сакав да пишам за твоите последни денови. Во деновите во кои уште еднаш покажа дека си чудесен. Колку си прекрасен. Колку беше созаден од чиста љубов, напишала мајката на својот Фејбук профил.
Споделила и две фотографии од болница. На едната момчето е склопено на стазата пред болничкиот туш кој Рут го користила. На другата е истата стаза, но празна…
– Околу 9 часа гледавме цртани на Јутјуб и го прашав Нолан дали можам да се истуширам бидејќи последните денови бараше само да го галам. МИ дозволи и ме замоли неговиот вујко да седне покрај него, а тој да си гледа цртан филм.
Заминав и му реков: Гледај ме мазо моја, тука сум за две секунди, а тој се насмеа.
Ми рекоа откако ја затворив вартата, паднал во длабок сон и почнал да заминува…
Кога ја отворив вратата, докоторите беа покрај него и ми кажаа дека органите почнале да му откажуваат и дека повеќе не чуствува ништо. Дотрчав до креветот и ја ставив раката на неговиот десен образ. А потоа се случило чудо, пишува Рут и продолжила:
– Мојот ангел ги отвори очите, ми се насмеа и ми рече „мама те сакам“. Во 11: 54 почина додека му пеев ”You Are My Sunshine”. Мојот син почина како херој, завршила мајката

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top