Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против И.С. (42) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување”.
-Пријавениот, од крајот на 2015 година до 27.09.2017 година повеќе пати ја присилувал на обљуба А.Ј. (18) од Делчево. Тој ја уценувал дека ќе објави нејзина видео снимка со порнографска содржина. И.С. исто така, се заканувал дека ќе посегне по нејзиниот и животот на нејзините блиски од семејството, информираат од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.