| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона ја напушта шпанската лига!

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу потврди дека клубот може да ја напушти Примера во случај Каталонија да успее да се избори за независност.

Повеќе од 90% Каталонци кои гласаа на референдумот се за независност. Каталонските власти тврдат дека вака изразената волја на народото е обврзувачка за отцепување и прогласување на независна и суверена Каталонија.

Барселона сега го чека расплетот од целата ситуација, а претседателот Бартомеу појасни какво решение ќе земе клубот во случај Каталонија да добие независност.

„Во случај на независност, клубот и неговите членови ќе одлучат во која лига ќе играме. Минуваме низ тежок, комплициран период. Со оглед на она што ќе се случи во иднина, ќе одлучиме мудро и смирено. Оваа ситуација се уште нема јасен исход. Невозможно е сега да се каже што ќе се случува. Сепак, ако дојде до независност на Каталонија јасно е дека ќе мораме да одржиме разговор со челниците на Ла Лига да видиме што и како понатаму“, изјави Бартомеу.

Каталонскиот министер за спорт Жерар Фигерас минатата недела изјави дека Барселона, но и другите каталонски клубови, ќе можат да играат во првенствата на другите земји ако Каталонија прогласи независност од Шпанија:

„Во случај на независност, каталонските клубови од Ла Лига, Барселона, Еспањол и Џирона, ќе мораат да одлучат во чие првенство ќе играат – шпанското, италијанското, француското или англиското. На крајот секогаш им останува каталонското првенство“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top