| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје вчера 11 сообраќајки со седум повредени

Седум лица се полесно повредени во четири од вкупно 11 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во седум е причинета само материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои пет возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца возачи што го управувале возилото под дејство на алкохол, како и 24 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Затекнати се 73 непрописно паркирани возила. Санкционирани се и 22 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно на црвено светло на семафор. Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 73 возила.

По повод одбележувањето на „Недела на детето“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со содржини од областа на сообраќајот и безбедноста на децата во сообраќајот со децата од средна и голема група во детската градинка „11 Октомври“, објект „Чаир“ која се наоѓа на подрачјето на општина Чаир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top