Пензионерот, 64-годишниот Стивен Падок, е напаѓачот што синоќа уби над 50 и рани повеќе од 200 луѓе на концерт во Лас Вегас, потврди полицијата.
Тој пукал од 32. кат од соседниот хотел „Мандалеј Беј“ во присутните на концертот, соопшти шерифот Џозеф Ломбардо, пренесува Си-ен-ен.
Шерифот додал дека напаѓачот се самоубил пред да стигне полицијата до него. Имал повеќе од десет пушки.
Бурата од куршуми и стампедото од луѓе што трчаа во паника остави зад себе ужасна и крвава слика од местото на пукањето. Илјадници фанови на кантри-музиката беа сведоци на смртоносниот настан кога вооружен маж истури стотици куршуми врз толпата.
Како што нагласи шерифот, властите, најверојатно, ја пронашле Марилоу Денли, жената за која се претпоставува дека го придружувала напаѓачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хабиб: Ја навредуваа мојата вера, земја, семејство – благодарност на Господ останувам непоразен шампион!
-
Убиецот од Торонто е 29-годишниот Фаисал Хусеин кој бил ментално болен
-
Жена-херој застрела вооружен напаѓач кој напаѓал мајки што носеле деца во училиште (видео)
-
Москва: Специјалци влегоа во фабриката, приведен напаѓачот


