| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Со новата стратегија предвидуваме два ипол пати повисок приход по жител

По заминувањето на ова помрачување кое ве уверувам, нема долго да се задржи со наши заеднички сили, со вас, со сите граѓани. По нивното заминување ќе започне спроведувањето на новата ера во наредната декада. Затоа велам одбери ја новата ера за твоето место, затоа што знаеш дека ќе се исполни. Наместо нивните празни зборови и лажни ветувања одбери ги нашите многу конкретни, многу прецизни проекти и ветувања кои знаеш, докажано е, покажано е дека ќе се остварат.

Ова денеска од митингот во Кичево го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додавајќи дека новата ера носи 2 и пол пати повисок приход по жител.

-Односно од 5 на 12.000 долари по глава на жител просечна заработка годишно. Тоа значи два и пол пати повисок стандард за живот. Односно, два и пол пати повеќе пари за трошење отколку сега. Родителите ќе имаат два и пол пати повеќе пари за своето семејство, за своите деца. Два и пол пати повеќе пари за одмор, да купат дом, за храна, облека, автомобил, за во школо, за на пазар. Не само за живот, туку за многу подобар живот. Пензионерите ќе имаат два и пол пати повеќе за себе, за своите внуци. Земјоделците ќе имаат два и пол пати повеќе субвенции и поголем приход да си купат нови трактори, нова механизација, да си добијат повеќе земјиште, да ја обноват куќата, истакна Груевски.

Нагласи дека тоа ќе значи два и пол пати повеќе пари за модернизација на селата, улиците, патиштата, за патчињата до нивите и сите други потреби на граѓаните.

-Компаниите ќе растат, ќе им расте профитот, ќе се отвораат нови компании, ќе има повеќе пари за работниците. Со тоа ќе има два и полпати повеќе пари за инвестирање во нови патишта, во нови училишта, во нови болници, градински и раст на платите на лекарите, инженерите, учителите, полицајците, војниците. Новата ера ќе донесе нови 150.000 работни места во Македонија. Ние кои што во минатата декада како ниеден досега ниту приближно на нашето, ние кои што во минатата декада отворивме нови 173.000 работни места можеме со сигурност да ветиме и тоа да биде скромно и да оставиме резерва за повеќе, со сигурност да ветиме нови 150.000 работни места во Македонија, посочи Груевски.

Нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ успеала значително да го намали процентот на сиромаштија.

-Со новата ера ќе успееме да ја намалиме сиромаштијата за ¾ во Република Македонија. Двојно да се намали невработеноста кај младите луѓе е проекцијата на новата ера во наредната декада. Можности за стекнување со сопствен дом, зголемни плати, пензии, сувценции, многу повеќе вложување во екологијата за почиста животна средина, издвојување на 6 отсто од Бруто домашниот производ за финансирање на образованието, подобрување на квалитетот на знаење и на креативните способности на младите луѓе. Со цел да се дојде во ситуација Република Македонија да влезе во првата половина на листата на Пиза според квалитетот на основните и средни училишта. А најмалку еден универзитет да влезе во групата на првите 200 универзитети според Шангај листата, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Рече дека доаѓа нова ера на вложувања во екологијата.

-Македонија која сега од нето увозник на електрична енергија, во наредната декада со инвестирање и создавање на нови капацитети за производство на електрична енергија ќе стане нето извозник на електрична енергија. Ќе произведува повеќе од потребите, ќе извезува и ќе заработува. Македонија во која функционираат интелигентни и одржливи градови. Парк и игралиште во секое маало, нагласи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top