| четврток, 6 декември 2018 |

Фестивалот „Браќа Манаки“ доби канцеларија во Центарот за култура во Битола

По успешното завршување на 38.издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа од 23 до 30 септември во Битола, директорот на Центарот за култура во Битола, Зоран Димовски овозможи една од просториите во Центарот, цела година да биде канцеларија на Фестивалот.

-На годинашново издание на Фестивалот имавме голема посетеност на проекциите, традиционално најмногу публика привлече свеченото отворање, годинава со краткиот филм „Крајот на времето“ на Милчо Манчевски, наш лауреат на Специјалната Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност и филмот „Насоки“, бугарско – македонска копродукција, велат организаторите.

Според нив, рекордна посетеност, годинава, имаа и проекциите на филмовите „Жаба“, „Од ништо“, „За тело и душа“, „Кога денот немаше име“, програмата на Кратки филмови, како и Студентската и Мак поинт програмата.

 

Над 100 филмски наслови – долгометражни, кратки, играни, документарни, студентски, детски филмови беа прикажани во 10 фестивалски програми. Се одржаа мастер класи на лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело: Џузепе Ротуно и Пјер Лом, кој и покрај возраста беше наш гостин во Битола и говореше за важноста на работата на кинематограферите во филмската уметност.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top