| четврток, 6 декември 2018 |

Второто вселенско приземјување на Сара Мејс изобилуваше со вселенски звуци, специфични ноти и уникатен глас

Вселенски звуци, специфични ноти и уникатниот глас на Сара Мејс го преплавија Скопје Сити мол додека обожавателите на музиката уживаа во прекрасниот настап на младата македонска пејачка и нејзиниот тим.

На Сара ова и беше второто вселенско приземјување и во целост ја претстави својата оригиналност преку незаборавен настап и исклучителна сценографија и костимографија. Таа со својот тим ја преточија нивната музичка способност во флуидна репрезентација на емоции.

Вселенскиот брод беше предводен од сребрената космонаутка Сара Мејс и на неа ѝ се придружија  Иван Петровски и Неврус Бајрам на гитари, Дејан Митровиќ на бас гитара, Филип Димишковски на клавијатури, Теа Богатинова и Калина Велковска како вокали, Александар Ванчовски на тапани и Виктор Филиповски на перкусии.

Како совршено надополнување на концертот на Сара Мејс како гостин настапи и незаменливиот Александар Принц. Воедно, бината ја исполнија и прекрасните движења на Јана Петровска и Мила Серафимовска од Beatrix crew, а за дел од музиката се погрижи и DJ Mats.

Сара Мејс го промовираше и својот албум кој е авторско дело на тимот на Floating through space with Sarah Mace и е издаден од Пасворд Продукција. Продуцент е Горан Гешовски и албумот се снимаше во студио Алшар од Ивица Јанкуловски. Албумот е во продажба и сите заинтересирани може да го најдат во Југотон.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top