Каталонскиот премиер Карлес Пуџдемон се послужи со филмски трик како би ја надмудрил шпанската полиција, за да оди на вчерашното гласање.
Имено автомобилот на Пуџдемон вчера цел ден го следел полициски хеликоптер. Со оглед на тоа дека се плашел дека полицијата би можела да го спречи да излезе на гласање или да го повреди на некој начин, Пуџдемон се послужил со измама.
Така под еден надвозник тој го напуштил својот автомобил и поминал во друг, кој го чекал и го продолжил својот пат-пишуваат каталонските медиуми.
Набрзо после измамата Пуџдемон гласал и порачал дека Каталонците стекнале право да се слушнат во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.