Да се биде родител е преубаво животно искуство, но тоа доаѓа со многу одговорности. Одгледувањето на детето е многу важно, затоа ви пренесуваме 10 важни лекции кои родителите треба да ги научат своите деца до 10. година.
1.Сите сме еднакви и секој треба да се почитува
Без разлика на пол, години и финансиска состојба, со секого треба еднакво да се однесуваме и да имаме почит. Односно, со другите треба да се однесуваме на оној начин како што би сакале и тие да се однесуваат кон нас.
2. Не се плаши да згрешиш
Учење низ сопствените грешки е составен дел од животот, и во тоа нема ништо лошо. Никој не е совршен и грешките на сите може да ни се случат, затоа не треба да се плашиме ако згрешиме.
3. Знаењето е поважно од оценките
Ова е многу важна лекција за учениците. Децата треба да знаат дека оценките и знаењето не се една иста работа и дека оценката не е секогаш одраз на знаењето. Исто така, важно е децата да бидат свесни дека знаењето е многу поважно од оценките.
4. Родителите не ти се непријатели. Побарај помош од нив
Да станеш пријател на своето дете не е лесно и секогаш постои тенка граница меѓу таквото пријателство и родителство. Но, дајте му на знаење дека секогаш може да ви се довери, дека ќе бидете негова потпора и настојувајте да избегнувате дерење.
5. Секогаш биди спремен да се браниш
Секако дека е важно да ги почитуваш другите, но исто така е важно да ги браниш своите ставоови и да не дозволиш другите да те искористуваат. Не само што детето не смее да се чувствува несигурно, туку би требало да знае дека и неговото мислење се цени и е важно.
6. Не прави нешто што не сакаш само за да добиеш туѓо одобрување
Децата често мислат дека популарноста меѓу врсниците е една од најважните работи. Затоа ќе направат се за да ги придобијат другите. Но, децата мора да знаат дека искреноста и почитувањето се многу поважни од туѓото одобрување кое всушност не е ни важно.
7. Ако нешто не разбираш, слободно прашај
Поставување прашања и љубопитноста мора да се поттикнуваат уште од мала возраст. Секогаш е подобро да се постави прашање ако нешто не разбираме, отколку да се правиме дека се ни е јасно. Со тоа нема ништо корисно да направиме, туку само може да се ускратиме знаење.
8. Ако не се чувстуваш добро, кажи му на наставникот
Важно е да се научат децата дека здравјето е секогаш на прво место, а оценките и стравот од тоа дали ќе привлечат внимание на врсниците или пак ќе го налутат наставникот, е второстепено.
9. Цени ја и грижи се за околината
Почитување на околината е еднакво важно како и почитување кон другите лица. Родителите треба да бидат пример за децата.
10. Во ред е да кажеш „не“
Важно е детето да знае да каже „не“ на врсниците, возрасните, па дури и на родителите. Изградбата на силен карактер и особеност е многу важна, бидејќи така е многу потешко да се манипулира со детето. Исто така, оваа лекција добро ќе му послужи и како возрасна личност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.