| четврток, 6 декември 2018 |

Амбасадорите во битка за победа во анкета за убавина

Дел од македонските амбасадори коишто се дел од анкетата на „Република“, во која читателите избираат најзгоден дипломатски претставник на земјава, почнале сериозна кампања во која силно лобираат за гласови.

Најмногу се таргетираат друштвата на Македонците во земјата каде што работат, но се користат и врските и контактите што ги имаат во земјава.

Веле Трпевски

Веле Трпевски

Главна алатка за лобирање се социјалните мрежи на кои нивни приврзаници повикуваат да се гласа за нив.

И покрај информациите од читатели дека некои од нив ја користат својата функција за победа во анкетата досега не е забележана злоупотреба на позицијата амбасадор од страна на лицата кои се дел од анкетата на „Република“.

Според читателките на „Република“, неверојатно е како некои од кандидатите за најзгоден амбасадор се ниско на листата. Во обид да не влијаеме врз вашето гласање, во оваа пригода нема да споменуваме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top