Кандидатот за градоначалник на општина Свети Николе од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Тасев во своето денешно обраќање истакна дека народот со својот глас ќе ја спаси Македонија.
– Победува народот кој што си ја сака државата. Победувате вие кои сакате да гледате проекти, нови инвестиции, нови патишта, нови водоводи, нови канализации. Победува ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За заедничка Македонија“, посочи Тасев.
– Порача дека дошло време и дошло час да се чуе гласот на народот кој ќе каже „НЕ“ за предавството на Македонија.- СДС мисли дека преку измислени и лажни профили и Фејсбук страници се добиваат избори. Не бе луѓе, не се добиваат така избори, избори се добиваат само со работа и со проекти, и со ништо друго. Тие се уште не ја научиле приказната за штурецот и вредните мравки. Тешко дека ќе ја научат. Многу тешко, верувајте ми. Тие нека продолжат и понатаму да си свиркаат и да си постираат на нивните лажни профили, да не вреќаат и омаловажуваат пред нашите фамилии, ама горди сме во срцата зашто сме Македонци. А ние ќе си продолжиме со тоа што најдобро го знаеме, да си работиме на нашите проекти, да работиме за поубаво и поуспешно Свети Николе, истакна Тасев.
Тој на денешниот митинг потсети на некои од најважните проекти кои биле реализирани во неговиот мандат.
– Јас со мојот тим реализиравме есенцијални проекти кои што се од значаен карактер за општината. Проекти кои што ги гледаат граѓаните, кои што се овде, во овој отчет. Тој многу ги уплаши, а знаете зошто? Затоа што е вистинит. Затоа што има над 150 реализирани проекти. Е тоа ги плаши, истакна Тасев.
Рече дека во неговиот мандат изградени биле современи патишта и улици.
– „Младинска“, „Крсте Мисирков“, „Цветан Димов“, „Рахилка Гонева“, „Пионерска“, „11 Октомври“, „Гоце Делчев“, „11 Македонска бригада“ и многу други, ама ги реализиравме. Кога ги правевме улиците воведовме едно ново правило, комплетна замена на старата и дотраена азбесна водовна мрежа, некаде беше и метална. Заменивме и околу пет километри азбесна мрежа, направивме и 2,3 километри нова мрежа, посочи Тасев.
Тој потенцираше дека била направена канализациона мрежа во должина од 23 километри. Тасев исто така најави дека во новата програма предвидено е да се инвестира во сите населени места во општината, ќе бидат реконструирани улиците и ќе се инвестира во спортот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче: Завршниот извештај за смртта на родилката од Свети Николе го очекуваме идната недела
-
Тешка сообраќајна несреќа во Свети Николе
-
Потресно сведоштво на полицаецот од Свети Николе: Активисти на СДСМ ми ја каменуваа куќата, ме тепаа и ми ја демолираа колата (ВИДЕО)
-
Груевски од Свети Николе: Со пенкалото во рака на 15 октомври да ја зачуваме заедничката цел која се нарекува Македонија