Направивме многу проекти во Свети Николе и ќе продолжиме да правиме и понатаму, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на големиот митинг во овој град.
– Со новата програма, со новата ера, се планира изградба на станица на отпадни води за целосно решавање на овој проблем, санација на речното корито на реката Поток, се планира изградба и реконструкција на повеќе улици, како и поставување на дигитални водомери со што ќе се намалат сметките за вода.
Груевски потенцираше дека ќе продолжат да инвестираат во младите.
– Се предвидува реконструкција на училиштето Даме Груев, реконструкција во повеќе училишта, како и целосна реконструкција на ученичкиот дом. Се планираат нови капацитети за најмладите, нова градинка во Ерџелија, реконструкција на градскиот пазар, изградба на трим патека и повеќе други проекти значајни за Свети Николе и светиниколчани.
Да продолжиме да градиме, додаде Груевски, за иднината на нашите деца и за денешните генерации.
– Да ја зачуваме заедничката цел која се нарекува Македонија. Нашата работа секогаш ќе биде посветена на вас, секогаш ќе се грижиме за вас и за Македонија. Заради сето ова, велиме гордо и јасно- секогаш работа, секогаш Македонија. Со пенкалото во рака на 15 октомври да одбереме работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии