Стефани Радевска го освои првото место на натпреварот CISCO NetRiders во категорија CCNA за регионот Европа, Русија и ЦИС од над 1.000 пријавени кандидати. Ова е најголемиот натпревар во областа на компјутерски мрежи, а Стефани е единствениот македонски натпреварувач кој го има освоено првото место на ова големо натпреварување. Наградата што ја освојуваат најдобрите двајца кандидати е еднонеделно студиско патување во седиштето на Cisco во Сан Хозе и бесплатен сертификациски испит.
„Со посетување на CCNA обуката на „Сеавус едукативен и развоен центар“ (СЕДЦ) добив неколку одлични можности. Започнав кариера во ‚Сеавус групација’ и добив можност да бидам дел од елитниот натпревар на CISCO – NetRiders, каде што стекнатото знаење од мојот ментор Марија Феро ми помогна да го постигнам овој резултат и успех. Овој натпревар беше навистина едно големо и интересно искуство и со нетрпение чекам да го посетам седиштето на Cisco во Сан Хозе, Калифорнија“, вели Стефани Радевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Под засилени безбедносни мерки и само со покани утрешниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија
-
И Мик Џегер го следеше натпреварот меѓу Хрватска и Англија (видео)
-
Триумф на македонските хорови: „Менада“освои второ место во Белгија, „Гортинија“ со „Мама миа“ настапи во Солун
-
Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на интернационален натпревар, следуваат концерти во Атина, Софија и Париз