| четврток, 6 декември 2018 |

Битолската реката Драгор побеле – пајките пред истребување!

Покрај загадена и без водни ‘рбетни животни реката Драгор во Битола денеска доби уште еден епитет – бела. Како што коментираат Битолчани, ова не е прв пат реката да ја променува бојата на водата, но никој не превзема мерки и не се знае кој е изворот на загадувањето.

Во месец Август во реката Драгор „Иницијативниот одбор за оплеменување на автохтоната пловна фауна на реката Драгор“ пушти семејство од мајка и татко и осум мали пајчиња во реката, па тие денеска како знаат и умеат се снаоѓаат со загадената вода.

Случајните минувачи кои ги затекнавме околу реката коментираат дека ова не е прв пат реката да ја менува својата боја. Се чудат како пајките ќе преживеат во ова енорно загадување на реката.

-„Не сака пајки, сака колектори, прeчистителни станици и поголема свест на граѓаните“ – вели граѓанин кој го затекнавме покрај Драгорот.

Од општинскиот инспекторат за СДК.МК велат дека во сабота не се во можност да вршат контрола. Од инспекторатот додаваат дека не ни знаат од каде доаѓа загадувањето, но дека во близина нема индустриски капацитет да испушти отпадни води.

Цветанка Ристевска, советник за односи со јавност во општина Битола за СДК.МК, вели дека точно сознание од што е бела водата немаат, па ќе земат примероци и ќе се направат дополнителни анализи во координација со Центарот за јавно здравје.

Инаку според Локалниот еколошки план, кавлитетот на водата во реката Драгор е на ниво на колектор зашто во неа се влева и дел од канализацијата во населбата Довлеџик во Битола.

Во месец Август „Иницијативниот одбор за оплеменување на автохтоната пловна фауна на реката Драгор“ покренат од група професори од Биотехничкиот факултет во Битола предводена од проф.д-р Стевче Пресилски кој е експерт за живинарство беа пуштени над 10 пајки во реката Драгор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top