
На дело се спроведува груба изборна злоупотреба и кршење на изборниот законик, каде министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се вклучи во изборна кампања и ветува изградба на нови градинки и дава ветувања пред граѓаните, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерката Мила Царовска.
-За да лицемерието биде поголемо таквото ветување го дава во Струмица каде на власт е СДС три изборни мандати по ред, и каде имаше доволно време да се изградат тие градинки кои со години останаа само празни ветувања на општина Струмица и СДС. Граѓаните на Струмица го препознаа неодговорното, лицемерието и неработата на владата на СДС која предизвикува хаос и неизвесност кај граѓаните, и го уназадуваат општеството, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека граѓаните на Струмица веќе не можат расипничко да дозволат расипничкото управување на Заев и СДСМ повторно да се отслика во Струмица. ВМРО-ДПМНЕ додава деќа струмичани ќе кажат „НЕ“ за Заев, Јанев и СДСМ на 15 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Зелените партии со најголеми изборни победи во Западна Европа викендов
-
Заев: Вистинската опција за уставните измени е Собранието, а не нови избори


