| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнато и ограбено младо момче во Бутел

Три непознати лица утрово околу 2 часот по полноќ, на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје го нападнале осумнаесетгодишниот, М.М. При тоа, му одзеле чанта во која имало 120 евра, 800 денари и патна исправа.

-Имено, додека истиот се движел пеш по улицата, бил пресретнат од лицата, кои најпрвин му се обратиле, а потоа едниот од нив физички го нападнал удирајќи го со тупаници во пределот на главата, додека друго лице му ја зело чантата и се дале во бегство – информира МВР.

Оттаму ддаваат дека  превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top