| четврток, 6 декември 2018 |

Историја по мерка на СДСМ-по Бугарија и Грција ќе ги менува учебниците со „амин“ од Владата

Македонско-грчка комисија од експерти ќе ги разгледува македонските учебници, со цел да се отстранат сите иредентистички изјави, мапи и текстови, најави грчкиот прв дипломат Никос Коѕијас во интервју за тамошните медиуми. Тој потврдува дека со македонскиот колега Димитров  договориле да биде тргнато се што е спорно, како дел од мерките за градење на доверба.
Според Коѕијас, спорот со името во позадина крие еден проблем со иредентизам, па изразил очекување дека македонската страна ќе го ограничи тоа.
За следната недела планирана е средба на министерско ниво во Солун на која најверојатно ќе бидат прецизирани деталите. За Коѕијас, Никола Димитров е една интересна личност од соседната држава, со која договориле чешлање на македонските учебници.
Логично се наметнува прашањето зошто Грција не би барала промена на учебниците по историја во Македонија, кога владата на Зоран Зев се согласи на истото со Бугарија. Таа не само што потпиша договор, туку Заев даде јавна изјава во насока дека такво нешто е потребно и добро.
Имено претходно и Бугарија, преку договорот за добрососедство, на ваков начин преку формирање на заеднички комисии побара менување на историските учебници бидејќи како што велеа двете држави имаат заедничка историја.
Коѕијас во интервјуто не пропуштил уште еднаш да го спомене цврстиот став на Грција дека прво треба да се реши прашањето со името, а потоа да следуваат евроинтегративните процеси за Македонија.
Дел од експертската јавност по изјавата на грчкиот дипломат коментира дека доколку Македонија попушти без претходно да добие гаранции тоа би била погубна тактика која би водела кон комплетен пораз.
Во неодамнешното обраќање на генералното собрание на ОН, Коцијас јасно кажа кое е единственото решение за долгогодишниот спор, Македонија да направи отстапки во името и употребата, јазикот, државјанството и кратенките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top