Во Кинотеката на Македонија, од 2 октомври до 6 октомври ќе се одржи „Недела на современ јапонски филм во чии рамки ќе се прикажат филмови од современата јапонска кинематографија.
Оваа ревија ќе започне на 2 октомври со проекцијата на филмот „Насекаде околу нас“ во режија на Хашигучи Ријосуке, а потоа следуваат проекциите на филмовите „Писмата“ во режија Шоно Џиро, „Скиците од „градот) Каитан“ на Кумакири Казујоши, „Мајката на Пекоросу и нејзиниот живот“ на Морисаки Азума, и „Да се биде добар“ во режија на Ох Мипо.
Сите филмови се со македонски и англиски превод.
Проекциите започнуваат во 20 часот; влезот е бесплатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.