Банките ги нудат на продажба производните капацитети на компании, кои до неодамна важеа за успешни.Последните статистички податоци на Народна банка покажуваат дека вредноста на активираните хипотеки заклучно со 31 декември минатата година изнесува 112,6 милиони евра, пишува порталот „Фактор“, кој за својата анализа ги разгледува банкарските каталози на запленет имот наменет за продажба.
Па така, ако се разгледаат каталозите на банките ќе се видат разни огласи, како на пример, огласот на Комерцијална банка за продажба имотот на „Агро компани“ од Кочани, компанија што произведуваше млеко и млечни производи, тестенини и други прехранбени производи. Се бара купувач на деловно-производствениот објект, производствениот погон, машините и линиите за производство за вкупно 660.000 евра. Комерцијална банка продава и цел комплекс во Кичево во кој спаѓа деловна површина, како и земјиште со право на користење за 1,4 милион евра. На продажба се најде и хотелот „Фламенго“ во Охрид а тој што ќе сака да го купи ќе треба да плати 1,2 милион евра. Комерцијална банка го има запленето и охридскиот хотел „Ривиера“, а го продава за 3,4 милиони евра. Кумановската текстилна фабрика „Братекс“, пак, банката ја продава за 643.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



