| четврток, 6 декември 2018 |

Лауинг Буда и Орјан Нилсен ја отвораат плажата „Санрајс“

Едно од водечките имиња во светот на трансот, како и суперстар-диџејот за електронска музика, Лауинг Буда и Орјан Нилсен ќе го означат почетокот на работењето на плажата „Санрајс“ во Охрид.

Продукција „Сонце“, која стои зад целиот менаџмент на плажата, најавува суперпрограма и многу интересни содржини. По 21 и 22 јуни, викендот со кој официјално се отвора барот на плажата, се најавени имиња како Дарен Емерсон, Марко Настиќ,  Том Нови, Метју Дикеј, Антонија, Мелисиа, Фанкермен, Брансел и многу други.

Покрај вечерните забави на плажата ќе се одржуваат и дневни настани со македонски диџеи, планиран е и коктел-фестивал, како и неколку забави во пена.

На 21 јуни покрај  Лауинг Буда, како домашна поддршка ќе настапат: Саунд Килах, Дејан Доги и Дј Даре. Во сабота, на 22 јуни на „Санрајс бич“ ќе имаме можност да чуеме едно од најголемите имиња на денешнинава, суперстар-диџејот и ексклузивец на најголемата етикета за електронска музика „Армада мјузик“, Орјан Нилсен со настап за првпат во Македонија. На 22 како домашна поддршка се потврдени диџеите Бабура, Боби и Даре.
Почетокот на забавата е во 23.00 часот, а влезниците се веќе во претпродажба по промотивна цена од 250 денари, почнувајќи од среда 12 јуни, додека, пак, од 20 до 22 јуни по цена од 300 денари на следниве места: „Југотон“, „Камарад“ во Рамстор, цвеќарница „Розе“ во „Веро 2“, кафе „Круг“ во Аеродром, „Зи-Зи топ“ – Охрид, „Агора“ – Куманово, „Комишн сиско“ – Кочани, „Хардрок“ – Битола, кафе „Корзо“ – Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top