| четврток, 6 декември 2018 |

МНТ со “Не се клади на Енглези” гостува во Народен Театар Охрид

На 6-ти октомври со почеток во 20:00 часот, како гостувачка претстава на репертоарот на Народен Театар Охрид, ќе се одигра комедијата “Не се клади на Енглези”
чиј автор е Владимир Ѓурѓевиќ, а во режија на Синиша Евтимов. Играат актерите на МНТ: Оливер Митков, Сашко Коцев и Александар Микиќ.
Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн.
Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.
Претставата премиерно во Скопје е изведена во март 2014 и веќе трета сезона е незаменлив дел од репертоарот на Македонскиот Народен Театар
– Текстот е многу примамлив. Хит е во Белград, Загреб, Софија и во Скопје и веќе неколку години се игра. Дејството се случува во едно маало, со препознатливи ликови и ситуации. Еден многу важен феномен кај нас е обложувањето – изјавува Коцев и додаде дека текстот е напишан на сленг.
Според актерот Митковски, темата на претставата е карактеристична за постранзициските држави во регионот каде, како што рече, игрите на среќа заземаат доминантно место во животите на голем дел од луѓето и претставуваат единствена надеж за заработка и за подобар живот.
Билетите за претставата по цена од 200 денари, ќе бидат пуштени во продажба во петок (29 септември) на билетарата при НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Народен Театар Охрид. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top