Еден од најпопуларните актерки во поранешна Југославија, Жарко Лаушевиќ доаѓа во Скопје, објавија од Фестивалот на дебитантски филмови „Киненова“. Годинашното издание на „Киненова“ ќе се одржи од 6. до 11. октомври, а Лаушевиќ е добитник на Специјалното признание за особен придонес во филмската уметност.
Отварање на „Киненова“е со филмот: „Мажите не плачат“ на Ален Дрљевиќ, БиХ 2017.
Лаушевиќ, по неколкуте успешни автобиографски романи се враќа на филмското платно и театарската сцена.
Српскиот актер беше осуден за двојно убиство кое се случи во 1993 година. Првпат ја посети Србија по пауза од 20 години, во 2014 година.
Трагедијата се случи на 31 јули 1993 година, кога Жарко и неговиот постар брат Бранимир ги нападна една група насилници. Жарко, бранејќи се себе и брата си, пукал во двајцата, а едниот беше тешко ранет. Беше осуден на 15 години затвор, а кога тогашниот Сојузен суд ја укина пресудата, Лаушевиќ повторно беше изведен на суд во февруари 1998 година и осуден на четири години затвор.
Бидејќи уште пред да му биде изречена пресудата, одлежа четири и пол години и беше пуштен на слобода. Потоа ја напушти земјата и се пресели во Њујорк каде што работел како физички работник.
Лаушевиќ игра во три серии годинава, „Сенките над Балкан“ на Бјелогрлиќ, „Пет“ на Балша Џога, и „Корени“ работена по мотиви на Добрица Ќосиќ. Го сними и филмот „Воља на синовите“, на младите Страхињ Маџаревиќ и Немања Чераниќ.
Во богатата биографија на Лаушевиќ се запишани улоги во филмовите „Хасанагиница“, „Игмански марш“, „Лазар“; „Јагоди во грло“, „Доброволци“, „Убавината на порокот“, „Шмекер“; „Сив дом“, „Офицер со роза“, „Лето“, „Црн бомбардер“, „Подобро од бекство“, „Кажи зошто ме остави“…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.