Вистинска драма синоќа се одвивала во една куќа во Краљево каде 32-годишниот Даниел Ј. се заканувал дека ќе активира бомба и ќе ги убие сите во куќата. Таму имало 9 лица, од кои шест биле деца.
Ситуацијата ескалирала откако полицијата се обидела да го уапси Даниел во близина на автобуската станица во градот заради заканите кои неколку дена претходна преку социјалните мрежи ги упатувал кон полицијата, дека ќе ја разнесе станицата во градот, но и заради сомневање дека учествувал во неколку тешки кражби.
Тој јавно преку својот Фејсбук профил на неколку пати се заканувал дека ќе убива полицијаци, и дека ќе ја разнесе полициската станица. Според него, никогаш не можел да им прости затоа што неправедно го ставиле во затвор цели 10 години.
– Ме барате, но кога ќе ме најдете, заедно ќе одиме, јас во рајот, а вие во пеколот, гласела една од пораките на Даниел објавена вчера на Фејсбук во која имало и навреди и пцовки.
Откако полицијата синоќа се обидела да го уапси, тој ја извадил бомбата и се заканил дека ќе ја фрил. Потоа избегал во куќата на неговата 15-годишна девојка каде имало 9 лица. Полицијата ја опколила куќата, но наместо да се предаде, Даниел се заканувал дека ќе ги разнесе сите. За среќа, полициајците брзо интервенирале, упаднале во куќата и го застрелале пред да успее да ја активира експлозивната направа. Даниел бил убиен на лице место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.