| четврток, 6 декември 2018 |

Ветија зголемување на платата, а последниве два месеци таа почна да паѓа

На првиот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино, пред граѓаните се обрати претседателот на најбројната партија во Собранието, Никола Груевски, кој говореше за многуте неисполнети ветувања на СДСМ, а едно од нив е и она за покачувањето на просечната плата на 500 евра, тој напомена дека и тогаш велел дека тие лажеле и дека не ја кажуваат вистината.

– Кажав дека не оди тоа така, кажав и како оди. Е сега, во првите два месеци Заводот за статистика измери, каде што е нивни директор, не само што не расте, туку просечната плата почна да паѓа за 0,9 проценти, тоа е новото помрачување. Или еве да речеме девизните резерви, знаеа 2-3 милиони во некој период да паднат, за 3 месеци 170 милиони евра паднаа девизните резерви, никому ништо, тоа е новото помрачување, изјави Груевски.

Груевски зборуваше и за најавата дека ќе бидат зголемени даноците, тој кажа дека тие без срам го најавиле тоа, дека не е нешто што е начуено, дека ќе се зголемат даноците, пресоналниот данок на доход, данокот што се плаќа од секоја плата.

– На секој од вас што работи и што зема бруто плата, во неа има персонален данок 10 проценти, тие проценти ќе растат и за толку што ќе пораснат, толку ќе се намали платата, вашата плата. Ќе расте данокот на добивка, што значи на фирмите ќе им земат од добивката, наместо да им ја остават со таа добивка да градат нови фирми, нови капацитети и да има нови вработувања. Ќе расте она што се дава како придонес за здравствено осигурување и за пензиско осигурување и тука ги иштетуваат работниците, тоа е дел од бруто платата. Тоа е новото помрачување за кое говориме, изјави Груевски.

Груевски кажа дека во делот на градежништвото, се што беше крупен проект е запрено.

– Трите автопати големи што ги градиме ги запреа, овој од Демир Капија до Смоквица е завршен, јас отидов целосно завршен пат на крајот на мај, ни рекоа треба уште лентите да се нацртаат и сообраќајни знаци да се стават, колку време треба за тоа, до месец дена максимум, од тогаш поминаа четири месеци, абер нема од автопатот. Да не беше завршен ќе речеа трасата е промашена, ама не можат да речат, зошто завршено е, асфалтирано е, се е готово, како да кажат сега трасата е згрешена? И сега молчат, да помине уште едно 6-7 месеци, еве ние го изградивме автопатот Демир Капија-Смоквица, срамота. Тоа е помрачувањето, изјави Груевски.

Груевски напомена дека истото се случува и со автопатот меѓу Охрид и Кичево, меѓу Скопје и Штип, те некаде трасата промашена како што кажа Груевски, те некаде рокот, само наоѓаат некои причини да запрат, за да завршат работите после две години и да си ги прикажат како свои дела, а како што вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е на грбот на народот. Груевски порача дека народот на 15-ти октомври ќе го даде судот за ваквото работење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top